Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-април 2012 година изнесува 1.225.317.000, а на увозот 2.085.147.000 американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58,8%, а трговскиот дефицит изнесува 859.830.000 долари. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, природниот гас, во гасовита состојба, и електричната енергија. Во извозот на стоки пак, најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63.6%) и земјите од Западен Балкан (23.9%), а во увозот на стоки земјите-членки на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.5%).
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-април 2012 година изнесува 1.225.317.000, а на увозот 2.085.147.000 американски долари.
Покриеноста на увозот со извоз е 58,8%, а трговскиот дефицит изнесува 859.830.000 долари, соопшти Државниот завод за статистика.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, природниот гас, во гасовита состојба, и електричната енергија.
Во извозот на стоки пак, најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63.6%) и земјите од Западен Балкан (23.9%), а во увозот на стоки земјите-членки на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.5%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу тргуваме со Германија, Грција, Србија, Велика Британија и Бугарија (45.8% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).